наука и технологија, култура и уметност

Фрески од Тројанската војна откопани во Помпеја, Италија

„Помпеја е навистина ризница која никогаш не престанува да нѐ изненадува и да предизвикува воодушевување затоа што секој пат кога копаме наоѓаме нешто убаво и значајно“

Burak Bir  | 12.04.2024 - Обновена : 16.04.2024
Фрески од Тројанската војна откопани во Помпеја, Италија

ЛОНДОН (АА) - Фрески од Тројанската војна се откриени во текот на новите ископувања во италијанскиот археолошки локалитет Помпеја, пренесува Анадолу.

Митолошките слики се пронајдени на елегантни црно обоени ѕидови на импозантната сала за свечености во инсула 10 на Регио 9 во Помпеја, древен римски град затрупан и зачуван од Везув во 79 година од нашата ера, објави државната новинска агенција АНСА.

Троја беше овековечена од античкиот грчки поет Хомер во неговиот еп „Илијада“, во кој ја раскажува приказната за последната година од една деценија долгата Тројанска војна.

Со ископувањата на тоа подрачје досега откопани се два поврзани меѓусебни објекта, една куќа со пекарница аи пералница.

„Помпеја е навистина ризница која никогаш не престанува да нѐ изненадува и да предизвикува воодушевување затоа што секој пат кога копаме наоѓаме нешто убаво и значајно“, рече италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.