култура и уметност

Турција: Гробниците во „градот на гладијаторите“ ќе бидат отворени за посетители

Познат и како „град на гладијатори“, историскиот локалитет бил значаен во хеленистичкиот, римскиот, византискиот и анадолискиот период, како и во ерата на Османлиското Царство и Турската Република.

Sena Güler  | 21.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Турција: Гробниците во „градот на гладијаторите“ ќе бидат отворени за посетители

МУГЛА (АA) - Антички град во Западна Турција ќе ги покаже пред посетителите откриените гробници и саркофази во еден од најголемите градови од мермер во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Тековните ископувања во античкиот град Стратоникеја, во Јатаган, турската област Мугла, откриваат нови историски артефакти како дел од проектот што го започна турското Министерство за култура и туризам на 1 март.

Проектот овозможува непрекинати активности за ископување во период од 12 месеци и ги поддржува тековните работи со дополнителни експерти и додатен персонал.

Во разговорот за АА, Билал Согут, раководителот на тимот кој врши ископувања во Стратоникеја, истакна дека во античкиот град се откриени голем број артефакти кои датираат од пред околу 3.500 години, период во кој живееја многу историски цивилизации.

Познат и како „град на гладијатори“, историскиот локалитет бил значаен во хеленистичкиот, римскиот, византискиот и анадолискиот период, како и во ерата на Османлиското Царство и Турската Република.

Согут нагласи дека тимот при ископувањата пронашол ѕид од гроб и саркофази од римскиот период.

„Ние [заедно со музејот на Мугла] започнавме активности за изложување на гробот и саркофазите и нивно преместување на влезот на античкиот град, по одлуката на управата“, рече тој, додавајќи дека биле пронајдени примероци кои би можеле да датираат од пред околу 4.500 години.

„Работиме на многу важен проект кој ќе претставува пример за Мугла“, рече тој.

„Гробовите на гладијаторите веќе се поставени на влезот на античкиот град“, рече Согут, додавајќи дека ќе има табли со објаснување на турски и на англиски јазик.

Тој истакна дека гробовите ќе бидат класифицирани според временскиот период на кој му припаѓаат - почнувајќи од бронзеното доба (околу 3.000 години пр.н.е.) - и додаде дека ќе бидат изложени само оние артефакти што не можат да бидат заштитени на нивното првобитно место.

Античкиот град Стратоникеја е вклучен во Привремената листа на светско културно наследство на УНЕСКО во 2015 година.

Согут нагласи дека ископувањата секоја година ги надополнуваат со нови информации, и дека проектот ќе го поплочи патот за откривање на археолошките вредности и пронаоѓање важни информации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın