Admir Fazlagic
23 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во „ВИП Арената" во Скопје вечерва концерт одржа познатиот музичар Горан Бреговиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Бреговиќ и неговиот оркестар, бројната публика ги поздрави со громогласен аплауз и овации, а тој им се заблагодари на сите присутни, истакнувајќи дека му е задоволство што е во Скопје.
Во рамките на концертот, беше претставен проектот „Three letters from Sarajevo" (Три писма од Сараево) на Горан Бреговиќ, кој настапи со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“.
„Three letters from Sarajevo" е компониран за класична, ориентална и клезмер виолина. Со него, како што и самиот Бреговиќ истакнува, нуди сопствена уметничка визија на нов, помирен, толерантен, мултикултурен и мултиконфесионален свет.
Проектот премиерно беше претставен во Париз во 2016 година.
Во пресрет на концертот на Бреговиќ во Скопје, Авалон-продукција, која го организира концертот соопшти дека „Three letters from Sarajevo“ е „најпродаван 'еthno world' албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка."
Познатиот музичар со својот оркестар ги изведе најпознатите песни по кои стана познат не само во регионот, туку и пошироко.
Горан Бреговиќ е роден во 1950 година во Сараево, Босна и Херцеговина. Бреговиќ беше и фронтмен на „Бијело дугме" една од најпопуларните музички групи во поранешна Југославија.