култура и уметност

Турскиот режисер Ферзан Озпетек награден на Филмскиот фестивал во Венеција

- Ферзан Озпетек наградата на италијанските автори и издавачи ја доби на Филмскиот фестивал организиран во сенка на пандемијата

Büşra Nur Bilgiç Çakmak  | 04.09.2020 - Обновена : 07.09.2020
Турскиот режисер Ферзан Озпетек награден на Филмскиот фестивал во Венеција

РИМ

Турскиот режисер Ферзан Озпетек ја доби специјалната награда SIAE на 77. издание на Филмскиот фестивал во Венеција, кој, поради пандемијата на коронавирусот започна во согласност со строгите мерки и многу помалку гости, јавува Агенција Анадолија (АА).

Озпетек како писател и режисер е награден за работата на документирањето на животот од различни агли.

„Прекрасно е чувството да се биде награден. Многу сум среќен и почестен“, изјави за АА Озпетек по церемонијата.

Озпетек сними голем број филмови во Италија, каде што живее повеќе години, вклучувајќи го и филмот „Божиќна среќа“ (La Dea Fortuna), кој е прикажан кон крајот на февруари, пред избивањето на пандемијата на коронавирусот во Италија.

Популарниот режисер наградата SIAE ја доби во делот на фестивалот за авторска секција.

Италијанското друштво на автори и издавачи истакна дека оваа награда претставува „омаж на новата класика на италијанската кинематографија и на авторот, кој низ своите интимни приказни и магијата на својата Турција, го забележува секојдневниот живот повеќе од 20 години“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.