култура и уметност

Турски уметник претвора старо железо во мозаични скулптури

Алтинорак, од местата каде што се продава отпаден материјал собрал отпадоци како ланци, амортизери, завртки, дискови, свеќички со цел да го подржи „Проектот за нула отпад“ инициран од сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган

Cem Genco  | 09.07.2020 - Обновена : 13.07.2020
Турски уметник претвора старо железо во мозаични скулптури Фото: Cem Genco / AA

ХАТАЈ (АА) – Мајсторот за мозаици, Мерван Алтинорак, кој живее во подрачјето на Рејханли во Хатај, југоисточна Турција, направи портрет на човек висок 2,5 метри од 50 илјади парчиња од стари автомобили, камиони, комбиња, трактори и мотоцикли за да привлече внимание кон загадувањето на животната средина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Алтинорак, од местата каде што се продава отпаден материјал собрал отпадоци како ланци, амортизери, завртки, дискови, свеќички со цел да го подржи „Проектот за нула отпад“ инициран од сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Емине Ердоган.

Мозаичарот Алтинорак, кој претходно има направено разни скулптури на животни со цел да ја подигне свеста за загадувањето на животната средина, во изјавата за АА рече дека на портретот работел 6 месеци.

„Парчињата отпадоци од автомобили, камиони, комбиња, трактори и мотоцикли ги донесов во мојата работилница и направив портрет“, рече Алтинорак.

Тој вели дека неговите скулптури привлекле големо внимание и во странство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.