Ekipa
21 Март 2025•Ажурирај: 22 Март 2025
КАИРО (АА) – Танцот „танура“ е стара традиција во Египет, кој е посебно актуелен за време на месецот на постот Рамазан, јавува Анадолу.
Практиката на вртење се нарекува „танура“. Според значењето, бесконечното кружно движење „танура“ ги прикажува движењето на универзумот и филозофијата на животот.
Танчарите на „танура“ ги претставуваат планетите, а танцот е приказна што ги поврзува луѓето со божественото и се однесува на односот помеѓу земјата и небото, човекот и бог.
Танчарите го изведуваат танцот заедно со суфиски музички концерти, организирани секој ден за време на Рамазан во Каиро.
Облечени во шарени здолништа, елеци и бели капчиња, танчарите на „танура“ се вртат околу себе движејќи се во ритамот на традиционалната египетска суфиска музика.
Танчарите го збогатуваат својот настап соблекувајќи едно од своите повеќеслојни здолништа, вртејќи го преку глава.
Уникатниот перформанс привлекува посебно внимание и кај домашните и странските туристи.