Furkan Abdula
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Денес, во Скопје, амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара оствари средба со министерката за култура на Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата меѓу амбасадорката Кара и министерката Канческа-Милевска, која се одржа во Министерството за култура на Република Македонија, се разговарало за реставрацијата на Куршумли ан, кој се наоѓа во Старата скопска чаршија, како и за понатамошната соработка и проектите од областа на културата.
Амбасадорката Кара и министерката Канческа-Милевска биле запознаени со активностите што се однесуваат за реставрирањето на Куршумли ан.
На проектот за реставрирање на Куршумли ан, заедно ќе работат архитекти од Турција и од Македонија.
На денешната средба присуствуваше и Фуат Коркмаз, заменик-директор на турскиот културен центар „Јунус Емре" во Скопје.