Erbil Başay
10 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
БЕРЛИН (AA) - За да укаже на хуманитарната драма која се случи во неговата земја, сирискиот уметник Манаф Халбуни пред Браденбуршката порта во Берлин го претстави своето дело „Споменик", а се работи за автобуси кои зад кои жителите од Алепо се кријеа од снајпери, јавува Anadolu Agency (AA).
Вертикално поставени автобусите пред Браденбуршката порта укажуваат на барикадите кои жителите на Алепо ги правеа од различните делови на автобуси за да се скријат од снајперски напади, кои во овој град однесоа илјадници животи.
Халбуни во разговор за АА рече дека неговиот „споменик" симболизира мир, но истовремено претставува и спротивставување на војната. Како што рече, негова цел беше да ги поттикне луѓето да размислуваат во тој правец.
Рече дека смета дека Берлин претставува центар на Германија, но и на европската политика и додаде дека „Браденбуршката порта е симбол на обединување и разделување, симбол на почеток и на крајот на војната."
Халбуни констатираше дека неговото уметничко дело не им испраќа порака само на политичарите, туку дека тоа е наменето на сите, односно дека е потребно секој да го разбере другиот и на тој начин да се дојде до решение.
„Секоја војна мора да заврши. Ниту една не траела вечно. Како Германија успеа повторно да се изгради по војната, исто така ќе успее и Сирија. Но, за тоа ни е потребно време", истакна сирискиот уметник Манаф Халбуни.
Сирискиот уметник трите стари автобуси сакаше да ги изложи и во февруари оваа година во германскиот град Дрезден, но по протестите на тамошните десничарски групи, не успеал во својата намера.
Автобусите во Берлин се донесени во рамките на манифестацијата која ја организира театарот „Максим Горки", а пред Бранденбуршката порта ќе бидат изложени до 26. ноември оваа година.