22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ТИРАНА (АА) - ФАТЈОН ЦУКА –
Саат-кулата изградена во османлискиот период во Тирана, главниот град на Албанија, која има околу 200 години, денес, привлекува внимание како еден од најважните симболи на градот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Тирана, кој се менува од ден во ден, покрај тоа што е модерна метропола, таа исто така е домаќин на богато културно наследство, разни историски споменици и карактеристични градби од различни периоди.
Градот, во кој се наоѓаат џамијата „Етхем бег“, Саат-кулата, турбето „Каплан паша“, мостот „Табаклар“ и некои карактеристични куќи од османлискиот период, наликува на мозаик на споменици. Овие дела се под заштита на државата.

Од овие дела, кои сеуште му пркосат на забот на времето, најпозната е Саат-кулата.
Според информациите добиени од Општина Тирана, изградбата на Саат-кулата, сместена веднаш до џамијата „Етхем бег“, обновена од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), ја иницирал Хаџи Етхем бег во 1822 година.
Со придонесот на богатите семејства во Тирана, изградбата на Саат-кулата висока 30 метри завршила во 1830 година.
Кулата, денес има мешана архитектонска структура. Телото е изградено во османлиски стил. Со реставраторските работи во 1928 година висината на кулата е зголемена на 35 метри, а додаденисе кровот и балконот во венецијански стил.
Скалите на Саат -кулата, чиј внатрешен дел е изграден од камен, првично биле направени од дрво, но по санациите извршени во различни периоди дрвените скали се заменети до железни.
Дупките кои се наоѓаат на телото имаат за цел да се проветрува и осветлува внатрешноста на кулата. На врвот на Саат-кулата на сите четири страни има по еден часовник.
- Саат-кулата е ставена и во логото на Општина Тирана
Покрај историската вредност, Саат-кулата е значајна и за туризмот на земјата. Кулата го привлекува вниманието на странските туристи кои го посетуваат градот.
Посетителите кој се качуваат на врвот на Саат-кулата можат да уживаат во прекрасниот поглед на градот, кој вклучува згради изградени во различни историски периоди. Исто така од врвот може да се види џамијата „Етхем бег“ од османлискиот период, зградите на министерствата од периодот на албанскиот крал Зог Први, Националниот музеј за историја од периодот на комунизмот и Палатата на културата.
Саат-кулата е ставена и во логото на Општина Тирана.