Admir Fazlagic
24 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
СКОПЈЕ
Со проекцијата на филмот „Мед и кајмак" Во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија на 27 август, во четврток, започнуваат Филмските вечери кои ќе траат до 29 август, во организација на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопштија од Институтот „Јунус Емре" - Скопје, првата филмска проекција „Мед и кајмак", ќе се одржи на 27 август, во четврток, со почеток во 20:00 часот со гостување на режисер Онур Тан, продуцент Сертач Демирташ и актерката Сабина Тозија. Проекција на филмот „Мед и Кајмак” е со превод на македонски јазик.
Како што соопштија организаторите, влезот е бесплатен, а согласно објавените протоколи за почитување на препорачените мерки најдоцна до 26 август, потребно е да се потврди присуството.
Според објавениот распоред, на 28 август ќе се одржи проекцијата на филмот „Кисели јаболка", додека на 29 август на распоред е проекцијата на документарниот филм „Медена земја", кој оваа година беше номиниран за „Оскар“.Исто така, проекцијата на овој филм ќе се одржи во Куршумли ан и со почеток од 20 часот.