Ekip
11 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
КРАСНОЈАРСК
Руски уметник го користи својот занает како средство за рециклирање и намалување на отпадот, известува Агенција Анадолија (АА).
Уметникот Сергеј Кулагин (39), кој живее во местото Дивногорск, подрачјето на рускиот град Краснојарск, рециклирајќи офрлени автомобилски делови, старото железо го претвора во волшебни скулптури и различни механизми.
Кулагин кој има и сервис за автомобили, создава скулптури и некој вид роботи од отфрлени делови од автомобили и мотоцикли. Тој има за цел да ја заштити екологијата во регионот и да создаде музеј кој ќе го привлече вниманието на локалните и странските туристи.