Barış Seçkin
13 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
РИМ
Во Италија започна традиционалниот Венецијански карневал, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Венеција секоја година, вообичаено во февруари, се одржува карневал, а овогодинешното издание е организирано на тема „Сети се на иднината“.
Карневалот мината година не се одржа поради пандемијата на Ковид-19, а оваа година е намален бројот на активности со цел да се ограничи бројката на учесници.
Карневалот воедно е организиран во време кога Италија ги олеснува антиковид мерките. Се очекува олабавувањето на мерките во идниот период да привлече посетители во Венеција.
Туристите во текот на карневалот имаат можност да шетаат маскирани низ градот, што на Венеција ѝ дава посебен изглед.
Венецијанскиот карневал ќе трае до 1 март.