Турција, образование, култура и уметност

Претседателската национална библиотека на Турција донира книги во 56 земји во светот

„Нашата цел е да испратиме книги во 108 земји кои ни испраќаат книги. Во моментов, во нашата библиотека има книги на 140 различни јазици од 108 земји. Побаравме од земјите да испратат книги за историјата, културата и литературата воопшто...“

Mümin Altaş  | 05.05.2022 - Обновена : 06.05.2022
Претседателската национална библиотека на Турција донира книги во 56 земји во светот Фото: Aytaç Ünal/АА

АНКАРА (АА) – МУМИН АЛТАШ - Книгите кои ја опишуваат историјата, културата и литературата на Турција, издадени од јавни институции, се донирани во 56 од 108 земји кои донирале книги во Претседателската национална библиотека од нејзиното основање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Раководителот на Претседателската национална библиотека, Ајхан Туглу, во изјава за AA рече дека почнале да собираат книги во 2017 година за Националната библиотека, која беше отворена во 2020 година.

Туглу нагласи дека се испратени циркулари до претставниците на Турција во странство и дека побарале книги од овластените институции на земјите во кои се наоѓаат.

„Во салата Џиханума има повеќе од 200.000 книги. Досега добивме подарок повеќе од 10.000 книги од 108 земји. Денеска дојде мексиканскиот амбасадор. На крајот на празникот, и Бразил ќе донира книги на нашата библиотека“, додаде Туглу.

Тој истакна дека како Национална библиотека решиле да донираат книги на земјите кои ѝ подариле книги на Турција, и дека досега испратиле книги во 56 земји каде што турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ има воспоставено летови.

„Нашата цел е да испратиме книги во 108 земји кои ни испраќаат книги. Во моментов, во нашата библиотека има книги на 140 различни јазици од 108 земји. Побаравме од земјите да испратат книги за историјата, културата и литературата воопшто. И ние ги претпочитавме книгите издадени од јавните институции од областа на литературата. Овој проект е бесплатен“, рече Туглу.

Имињата на земјите во кои беа испратени книги од Претседателската национална библиотека се следните:

„Оман, Кина, Јужна Кореја, Алжир, Венецуела, Казахстан, Унгарија, Киргистан, Сингапур, Пакистан, Азербејџан, Јордан, Русија, Шпанија, Германија, Грција, Белорусија, Албанија, Франција, Ирак, Финска, Кувајт, Турска Република Северен Кипар, Тунис, Панама, Швајцарија, Индија, Туркменистан, Австрија, Малезија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Аргентина, Филипини, Холандија, Либан, Индонезија, Луксембург, Грузија, Канада, Италија, Романија, Естонија, Тајланд, Бугарија, Украина, САД, Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Белгија, Литванија, Египет, Саудиска Арабија, Португалија, Република Косово, Узбекистан, Катар“.

Некои од книгите испратени од Турција се следниве:

„Ататурк“, „Амасија Селџук и османлиската архитектура“, „Цивилизациите на Анадолија и античките градови на Турција“, „Анонимната османлиска историја“, „Турската кујна со вековни рецепти“, „Нашите претседатели од Ататурк до Ердоган“, „Големиот турски речник“, „Еп за човештвото“, „Победата на Чанаккале“, „Деде Коркут“ 1-2, „Историски истанбулски чаршии од минатото до денес“, „Античка архитектура на Анадолија“, „Антички турски натписи“, „Одбрана на Газиантеп“, „Музеј на куќата Галата Мевлеви“, „Уметност на калиграфија и илуминација“, „Турција на небото“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.