AP
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Том Круз блокираше дел од центарот на Лондон поради снимање на сцена од најново продолжение на филмот „Невозможна мисија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес на мостот Блекфрајрс беше прекинат сообраќајот, а од околината се оддалечени и чамците, бидејќи беа сннимани сцени над реката Темза.
Дел од Лондон беше блокиран и поради снимање на сцени од филмот во кои Круз ги прескокнува покривите над железниот мост. Сцените се снимани од хеликоптер.
Под мостот, низ железничката станица Блекфрајрс се обраќаа возови. Том Круз е познат по тоа што без помош на каскадери ги снима тешките сцени во филмовите.