Полска со најголемата ЛЕГО-изложба во Европа
Најголемата изложба на ЛЕГО-коцки во Европа, која предизвика восхит кај посетителите, се одржува во кулата „Скај тауер“ во Вроцлав
ВРОЦЛАВ (АА) – Градот Вроцлав, во Полска, е домаќин на најголемата изложба на макети од ЛЕГО-коцки во Европа, во рамките на која се изложени голем број модели, јавува Анадолу.
Најголемата изложба на ЛЕГО-коцки во Европа, која предизвика восхит кај посетителите, се одржува во кулата „Скај тауер“ во Вроцлав.
На површина од 1.500 квадратни метри се употребени речиси 15 милиони ЛЕГО-коцки, за скоро 150 макети кои ја прикажуваат архитектурата, поп-културата и природниот свет, и 4 импресивни супермодели, изработени од стотици илјади парчиња, како макета на „порше 911 Т“, со должина од 4,2 метри и средновековен змеј со повеќе од 3 метри должина.

Најголемите објекти изработени од ЛЕГО-коцки се: мостот Голден Гејт и Тауер Бриџ (секој засебно со должина околу 3 метри), Статуата на слободата (над 3 метри), Берлинската телевизиска кула (32 метри), Вилис тауер, облакодерот Трнинг торсо, и некогашниот највисок облакодер Тајпеј 101, како и многу други импресивни градби од светот на архитектурата.
Изложбата располага и со тематски зони, како модели од „Војна на ѕвездите“ и „Господар на прстените“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
