култура и уметност

Пат што го користеле Римјаните, Византијците и Османлиите

Ископувањата извршени во областа Изник, во Бурса, откриле изградени патишта еден врз друг од времето на римската, византиската и отоманската ера

Sinan Balcıkoca  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Пат што го користеле Римјаните, Византијците и Османлиите

Bursa

БУРСА (АА) - Ископувањата извршени во областа Изник, во Бурса, откриле изградени патишта еден врз друг од времето на римската, византиската и отоманската ера, јавува Anadolu Agency (AA).

Ископувањата и реставраторските работи што лани започнаа на историските ѕидини во делот од Истанбулската порта во Изник продолжуваат и оваа година.

Минатата година во ископувањата што биле спроведени под раководство на Дирекцијата на Музејот, е откриен пат поплочен со камења од османлискиот период, што се наоѓа на 74 сантиметри од нивото на сегашниот пат.

Во ископувањата што продолжуваат и оваа година, 43 сантиметри под османлискиот пат е откриен пат од византиско време, додека 50 сантиметри под византискиот пат се откриени мермерни блокови кои припаѓаат на пат од римско време.


- „Реставрацијата продолжува“

Во изјавата за дописникот на АА, заменик-директорот на Музејот во Изник, Хасан Јашар, рече дека Истанбулската порта е една од четирите главни порти на Изник.

Истакнувајќи дека ископувањата кај Истанбулската порта се одвиваат во две етапи, Јашар рече:

„Во рамки на проектот за реставрација, санацијата започнува откако ќе се исчистат споевите. Уништените делови од портата најпрвин се чистат, а потоа се обновуваат. Реставрацијата продолжува со техника која на посетителите ќе им овозможи да ја видат старата и новата состојба на ѕидините. Главна цел е одржување на ѕидините“, рече Јашар.

Тој додаде дека под раководство на Дирекцијата на Музејот, од минатата година се работи на ископувања на четири локации кај Истанбулската порта.

„При ископувањата се откриени патишта што припаѓаат на османлискиот период. Тој пат е откриен во целост. Кога ќе се спуштите подолу е откриен пат од мермерни блокови коишто припаѓаат на византискиот период. Подолу од тој пат, е откриен пат од мермерни блокови што припаѓаат на римско време. Колку и да се променети цивилизациите врз патот, тој останал непроменет. Особено при истражувањата што ги направивме во внатрешниот дел на главните ѕидини се откриени рушевини кои датираат од византиско и римско време“, истакна Хасан Јашар.


- „Планираме ископувањата да завршат до крајот на декември“

Информирајќи дека во внатрешноста на дворот е пронајден еден гроб, Јашар рече дека планираат ископувањата да завршат до крајот на декември.

„Реставрацијата ќе продолжи и по завршувањето на ископувањата. Откако ќе заврши реставрацијата, планирано е за кратко време да биде отворена за посетителите“, рече тој.


- „За една минута ќе пропатувате низ 2000 години“

Градоначалникот на Изник, Осман Саргин, истакна дека Изник низ историјата бил главен град на цивилизациите.

Тој, исто така, истакна дека Изник е историски град во секој поглед, и додаде: „Многу сум возбуден од откриените остатоци од патишта во ископувањата кај Истанбулската порта. За една минута ќе прошетате низ историја долга 2000 години. Откако местото ќе биде отворено за посета, туристите ќе можат да прошетаат со возила кои припаѓаат на римскиот период и да пешачат по патот по кој се движел Константин“.

Саргин истакна дека очекува Истанбулската порта идното лето да биде отворена за посетителите и нагласи дека тоа ќе го зголеми бројот на туристите што ќе доаѓаат во тој регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.