култура и уметност

На „Неделата на турската кујна“ ќе биде претставено традиционалното „ќофте во тенџере“

Во согласност со Неделата на турската кујна во Едрене, град во северозападниот дел на Турција, ќе биде организирана богата програма на која ќе бидат претставени бројни познати јадења и специјалитети

Gökhan Balcı  | 20.05.2022 - Обновена : 23.05.2022
На „Неделата на турската кујна“ ќе биде претставено традиционалното „ќофте во тенџере“ Фото: Gökhan Balcı/AA

ЕДРЕНЕ (АА) - Во периодот од 21 до 27 мај, во сите области низ Турција и амбасади на земјата ќе се одржи „Неделата на турската кујна“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Неделата на турската кујна ќе биде организирана под водство на Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, под покровителство на Кабинетот на претседателот и во координација на Министерството за култура и туризам на Турција.

Во согласност со Неделата на турската кујна во Едрене, град во северозападниот дел на Турција, исто така ќе биде организирана богата програма на која ќе бидат претставени бројни познати јадења и специјалитети.

Во рамките на програмата ќе биде претставено и познатото јадење „tencere köfte“ (ќофте во тенџере), еден од омилените улични специјалитети во Едрене.

Готвачот Исмаил Учар кој ќе го претстави ова јадење, за Агенција Анадолија (АА) рече дека ќофтето во тенџере се разликува од останатите ќофтиња по начинот на подготовка.

Тој објасни дека ќофтето од мелено месо го подготвуваат така што по обликувањето малку го варат и кратко го пржат на зејтин.

„Ова ќофте сите го сакаат. Лутата пиперка е задолжителна кај ова јадење“, рече готвачот.

Озај Билар, ученик во средно училиште, рече дека овие ќофтиња се евтини и вкусни и дека ги препорачува на сите.

Богатата турска кујна, всушност, наследството од некогашното Османлиско Царство, претставува спој на кујната на централна Азија, Блискиот Исток и Медитеранот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.