култура и уметност

Алхамбра - едно од најважните зданија на исламската архитектура во Шпанија

- Палатата, сместена на југоисточната граница на градот Гранада, е ремек-дело на средновековното градежништво, а беше и инспирација за многу приказни и песни

1 23  | 22.05.2022 - Обновена : 24.05.2022
Алхамбра - едно од најважните зданија на исламската архитектура во Шпанија Фото: Каан Боздоган / АА

ГРАНАДА (АА) - Палатата Алхамбра во Шпанија, едно од најважните дела на исламската архитектура изградена со знаењето и уметноста на андалузиската цивилизација, секоја година пречекува милиони туристи, известува Агенција Анадолија (АА).

Палатата, сместена на југоисточната граница на градот Гранада, е ремек-дело на средновековното градежништво, а беше и инспирација за многу приказни и песни.

Цитаделата на врвот од ридот што во средината на 13 век почнала да ја гради династијата Насрид - последните муслимани кои владееле во Шпанија - во Автономниот Андалузиски Регион, претворена е во величествена градба изградена на површина од 142.000 квадратни метри.

Позната како едно од светските чуда, палатата Алхамбра ги отвора видиците за своите посетители, кои ја опишуваат како палата од бајките, бидејќи секој детаљ на неа е внимателно усогласен со мноштвото занаетчиски ракотворби, особено во камен и столарија, мозаик и плочки.

Алхамбра, која е на листата на УНЕСКО на Светско културно наследство, сега е една од главните туристички атракции на Шпанија, презентирајќи ја исламската архитектура.

Иако долга низа години беше препуштена на својата судбина, палатата ја сочувала својата единствена елеганција што ја сочинуваат оригиналните мотиви на андалузиската култура и веќе осум векови спаѓа меѓу најзначајните блага на исламската архитектура. Таа била и најголемиот политички и аристократски центар на муслиманскиот Запад.

Од останатите средновековни палати се издвојува по својот софистициран план, сложени декорации и бројни волшебни градини и фонтани

.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.