култура и уметност

„Istanbul Photo Awards е голема мотивација за фоторепортерите“

Фоторепортерот Строителев за АА рече дека освојувањето на првата награда на „Istanbul Photo Awards“ претставува голема мотивација за него, дека тоа со себе носи меѓународно претставување, како и многу нови контакти

Rabia İclal Turan  | 26.05.2022 - Обновена : 30.05.2022
„Istanbul Photo Awards е голема мотивација за фоторепортерите“

ИСТАНБУЛ (АА) ‒ „Istanbul Photo Awards“ е натпреварување кое претставува голема мотивација за фоторепортерите во насока на продолжување на нивните кариери, порача рускиот фоторепортер Сергеј Строителев, кој оваа година ја освои првата награда во категоријата „Портрет на приказна“, пишува Агенција Анадолија (АА).

На Строителев, инаку фриленс фоторепортер, му беше врачена наградата фотоапарат „Канон“ во канцелариите на Агенција Анадолија во Истанбул од страна на наградуваната фоторепортерка на агенцијата, Елиф Озтурк.

Запрашан за тоа како се чувствува, Строителев за АА рече дека освојувањето на првата награда на „Istanbul Photo Awards“ претставува голема мотивација за него, дека тоа со себе носи меѓународно претставување, како и многу нови контакти.

Истакнувајќи дека оценувањето на неговата работа од големото жири составено од професионалци кои му биле пример е голема чест за него, додаде: „Тоа е толку голема мотивација да се продолжи напред со работата.“

Раскажа дека бил изненаден кога дознал дека ја добил наградата „бидејќи освоив награда на овој натпревар еднаш пред неколку години, и не мислев дека е можно да ми се случи тоа по вторпат“.

„Беше навистина изненадување, и секако, голема чест“, рече тој.

Строителев изјави дека за натпреварот „Istanbul Photo Awards“ претходно слушнал од своите колеги и рече дека многу негови колеги претходно се пријавиле на натпреварувањето.

- „Најсилната врска“ -

Фотографиите на Строителев, насловени „Најсилната врска“, ги прикажува жените во Чеченија и Дагестан чии деца заминале да се приклучат на терористичката организација ДАЕШ.

Објаснувајќи ја приказната зад фотографиите, Строителев раскажува: „Кога бев на задача за еден од руските весници во Дагестан, три мајки дојдоа до мене. Ми рекоа дека нивните ќерки се исчезнати некаде кај ИСИС [на територијата што ја држи] и дека никому не му е грижа за тоа.“

„И навистина се заинтересирав за ова прашање и решив да помогнам да им се чуе гласот на овие жени“, додаде тој.

Строителев рече дека најтешкиот дел бил да ги најде жените и да ги убеди да се фотографираат, додавајќи дека некои родители му помогнале да најде повеќе жени кои сакаат да зборуваат.

„Третата задача беше психолошката задача“, рече тој, бидејќи жените плачеле кога ги раскажувале своите приказни.

„Предизвик е за секој фотограф да работи на вакви теми“, истакна Строителев.

‒ Да се ​​биде фриленсер ‒

Запрашан за неговото досегашно искуство како фоторепортер фриленсер, Строителев рече: „Кога отидов во Мајдан [Украина] во 2014 година, започнав како фриленсер. Ја документирав револуцијата.“

„Сфатив дека ќе фотографирам на тој начин цел живот бидејќи сфатив дека фоторепортерството има толку голема моќ и претставува совршен инструмент за подигање на свеста за прашањата [во светот]“, нагласи тој.

Додаде дека моментално не живее во Русија и дека неговиот совет до помладите фоторепортери фриленсери е да не се откажуваат.

* Оваа година, натпреварот „Istanbul Photo Awards“ беше поддржан од „Канон“, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“. Покрај паричните награди, годинава првонаградените од сите категории добиваат и фотоапарат од „Канон“.

До информациите поврзани со жирито за „Istanbul Photo Awards 2022“ и на наградените фотографии може да се пристапи преку веб-страницата www.istanbulphotoawards.com.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.