Özgün Tiran
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Македонија со свои народни ора и танци се претстави на 27. Фестивал во Киркларели, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на општина Киркларели, Мехмет Сијам Кесимоглу, во своето обраќање им се заблагодари на учесниците на фестивалот и на домашните и странските гости.
Кесимоглу истакна дека 27. Фестивал во Киркларели се прославува со воодушевување, и додаде дека голем број домашни и странски туристи покажале интерес за фестивалот.
Кесимоглу истакна дека оваа година, главната тема на фестивалот се децата и додаде:
„Нашиот фестивал содржи пораки на пријателство и братство. За Фестивалот којшто е прифатен како гласник на пролетта, веруваме дека претставува симбол на изобилство и плодност. За нашиот фестивал има голем интерес, како од домашните, така и од странските гости. Тоа ни дава уште поголем поттик. Нашиот фестивал секоја година станува сѐ попопуларен и се зголемува интересот за него“.
По одржаниот говор, настапија претставниците од Македонија и од Бугарија со своите игри и танци.
Гостите на фестивалот покажаа особен интерес за изведбите на македонските и бугарските ора и танци.
Фестивалот започна на 17 мај, а ќе трае до сабота, 20 мај.