Ekip
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ЛОНДОН (АА) - Лејди Гага ја откажа европската турнеја и концертот во Бразил поради силни болки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Промотерот на турнејата „Live Nation" соопшти дека пејачката страда од силни болки кои сериозно влијаат на нејзината способност да настапи во живо.
Лејди Гага објави дека е тажна што мора да ги разочара своите фанови. Таа додаде дека нејзиниот медицински тим ја поддржал одлуката да се опоравува дома.
Пејачката во недела требашеда настапи во лондонската “O2 Arena“, а потоа требаа да следуваат други концерти во Велика Британија, а потоа во Шведска, Швајцарија, Германија, Данска, Франција и Бразил.
Лејди Гага во септември минататаа година откажа европски концерти откако е одведена во болницата во Рио де Женеиро бидејќи имала неподносливи физички болки.
Во ноември настспуваше во Северна Америка, а во јануари оваа година одржа неколку концерти во Европа.