Muhammed Nuri Erdoğan
23 Февруари 2022•Ажурирај: 23 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рано утрово се врати во Турција по официјалните посети на Демократска Република Конго и Сенегал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на Аеродромот „Есенбога“ во главниот град Анкара беше пречекан од потпретседателот Фуат Октај, гувернерот на Анкара, Васип Шахин и други официјални претставници.
Планираната четиридневна мини-турнеја на турскиот претседател низ Централна и Западна Африка започна во неделата, но беше прекината по руското признавање независност на двата украински региони.
Денеска Ердоган се очекува да присуствува на Самитот на лидерите на НАТО преку видеоконференција.
„Посетата на Ердоган на Гвинеја-Бисао, третата станица од неговата турнеја низ Африка, е одложена за подоцнежен датум“, се вели во соопштението од Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.
Турскиот претседател, пред да се врати во Турција беше во Сенегал, втората станица од неговата официјална посета на Африка.