Fatjon Cuka
23 Октомври 2024•Ажурирај: 24 Октомври 2024
ТИРАНА (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, престојува во официјална посета на Албанија, каде со свечена церемонија беше пречекана од премиерот Еди Рама, јавува Анадолу.
Официјалната церемонија на прием се одржа пред седиштето на премиерот на Албанија, на која присуствуваа и други претставници на Албанија и на Европската Унија (ЕУ).
По церемонијата се одржа тет-а-тет средба меѓу Рама и Фон дер Лајен, а предвидена е и заедничка прес-конференција.
Премиерот Рама и претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, ќе учествуваат и на церемонијата на отворање на Колеџот на Европа во Тирана.