Ekipa
12 Јануари 2022•Ажурирај: 13 Јануари 2022
ХАРБИН (АА) - Кинескиот меѓународен фестивал на скулптури од мраз и снег во Харбин на своите посетители им нуди ноќ како во бајките, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот, кој се отвори во Харбин, главниот град на североисточната кинеска провинција Хејлонгџијанг, на 25 декември 2021 година и ќе трае околу 2 месеци, до 28 февруари 2022 година, се одвива на површина од приближно 820.000 квадратни метри.
Светски познатиот тематски парк со големите скулптури од мраз и снег им нуди магични моменти на посетителите со светлосните претстави во вечерните часови.