Кимоното – вековен симбол на јапонската култура и естетика
Традиционално изработено од свила и препознатливо по своите едноставни линии и симболични шари, кимоното се носи при посебни пригоди како фестивали, свадби и верски церемонии
ТОКИО (АА) – Кимоното, една од најстарите традиции на јапонската култура, со векови ги симболизира естетските вредности и културното наследство на земјата, јавува Анадолу.
Традиционално изработено од свила и препознатливо по своите едноставни линии и симболични шари, кимоното се носи при посебни пригоди како фестивали, свадби и верски церемонии.
Со текот на времето, оваа традиционална носија стана и начин за доживување на јапонската култура, како за локалното население, така и за туристите.
Во последните години, кимоното сè повеќе придонесува за развојот на туризмот.
Посетителите имаат можност да изнајмат кимона во историските квартови и во близина на храмовите, каде што традиционалната облека се вклопува со архитектурата и духовната атмосфера.
И покрај модерниот начин на живот, кимоното и денес сведочи за континуитетот на традицијата и нејзината улога во современото јапонско општество.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
