Египетскиот музеј во Каиро привлекува голем број посетители со богатата историја од фараонската ера
Музејот е исполнет со домашни и странски туристи што доаѓаат да ги видат уникатните експонати, меѓу кои има статуи и саркофази, како и богатствата на познатиот Тутанкамон од фараонската ера

СКОПЈЕ (АА) Египетскиот музеј во срцето на Каиро продолжува да привлекува голем број посетители што покажуваат интерес за богатото културно наследство од древните цивилизации, јавува Анадолу.
Музејот е исполнет со домашни и странски туристи што доаѓаат да ги видат уникатните експонати, меѓу кои има статуи и саркофази, како и богатствата на познатиот Тутанкамон од фараонската ера.
Египетскиот музеј, кој е основан во 1902 година, е еден од најзначајните светски центри за зачувување на древното египетско наследство.
Со илјадници артефакти, тој нуди уникатен увид во историјата, религијата и секојдневниот живот на древните Египќани.