Aydoğan Kalabalık
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
КАИРО (АА) - Во источниот дел на Каиро, главниот град на Египет, пронајдени се две статуи на фараони од стар Египет, а за една од нив се претпоставува дека му припаѓа на Рамзес II, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за антиквитети на Египет, Калед ал-Анани изјави дека при ископувањето во Еин Шамс, во близина на храмот на Рамсез II, египетските и германските археолози пронашле статуи на двајца фараони од 19. династија (1292 – 1190. п.н.е ) што владеела со стар Египет.
Шефот на Институтот за антиквитети на Египет, Махмуд ал-Афифи изјави дека една статуа му припаѓа на фараонот Сетија II, кој со стар Египет владеел во периодот 1200 – 1194 година пред новата ера.
Афифи додаде дека статуата на фараонот Сетија II е направена од варовник и дека се многу јасни цртите на лицето на фараонот.
Тој истакнува дека другата статуа, за која се претпоставува дека му припаѓа на Рамзес II, пронајдена е во состојба на распаѓање. Статуата инаку е долга осум метри и направена е од кварцит.
Анани и Афифи го посетија местото на археолошките ископувања.