култура и уметност, Балкан

Двајца млади од Турција преку Балканот патуваат во „потрага по себеси"

Бурак Јилдиз и Мехмет Ѓур раскажувајќи дека ја поставиле нивната таканаречена „тезга“ на камењата на Старата скопска чаршија, каде што од една страна ја изведуваат нивната музика, а од друга страна, се обидуваат „да се најдат себеси“ на овој пат.

Dzihat Aliju  | 07.11.2018 - Обновена : 08.11.2018
Двајца млади од Турција преку Балканот патуваат во „потрага по себеси" (Foto: Vedat Abdul/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ -

Две млади лица од Турција кои пеат етно-музика во Старата скопска чаршија, велат дека се во потрага по знаење на патот на кој пошле за да ги достигнат нивните идеали.

Бурак Јилдиз (26) и Мехмет Ѓур (21) во разговор за Anadolu Agency (AA) ја споделија својата приказна, раскажувајќи дека ја поставиле нивната таканаречена „тезга“ на камењата на Старата скопска чаршија, каде што од една страна ја изведуваат нивната музика, а од друга страна, како што рекоа, се обидуваат „да се најдат себеси“ на овој пат.

Двајцата пријатели кои обично патувале со автостопирање, откако прошетале низ Турција, одлучиле да направат една „мини балканска турнеја“ на покана на нивните пријатели од Македонија.

Тие првин ја посетиле Албанија, а потоа преминале во Македонија, додека нивните дневни потреби ги покриваат изведувајќи музика, како и продавајќи ги своите ракотворби.

Во разговорот, Јилдиз ја раскажа својата љубов кон музиката, и рече дека нема некое вознемирување за време на нивното патување, и дека се обидува да го распореди своето време, на начин на кој што тој смета дека е најдобро.

„Порано, за вредноста на богатството луѓето прашувале со зборовите: Дали ти е добра состојбата и времето? Затоа, и јас тргнав на патување за да имам добра состојба и време“, истакна Јилдиз.

Јилдиз раскажа дека пред 9 години се запишал на факултет по новинарство во Универзитетот „Истанбул“, но подоцна одлучил да не биде новинар, туку, како што рече, да се најде себеси и да ја следи музиката и звуците.

Тој истакна дека не се стекнал со некое формално образование за музика, и дека ова е втор пат што патува во странство.

„Претходно бев во Саудиска Арабија, а сега сме на Балканот. Првин отидовме во Албанија, а сега дојдов во Македонија. Многу убаво. Се прашувам себеси зошто порано не сум дошол на Балканот, зошто оваа карта била мрачна? Уште еднаш ќе дојдам тука, бидејќи овие места се многу убави“, рече Јилдиз, и нагласи дека патувајќи сака да го види целиот свет.

Како што рече, неговата следна цел е да го посети Иран, а потоа Индија.

- Патувањето со автостоп е многу забавно"

Јилдиз истакна дека со Мехмет Ѓур, со кого патува заедно на балканската турнеја, се запознал за време на едно патување во Турција, и дека нивната цел е преку патувањето да се најдат себеси.

Според него, патувањето со автостоп е многу забавно, додека, проблемот со довербата, рече тој, го надминале преку „контактот меѓу срцата“.

Јилдиз раскажа дека во албанскиот главен град, Тирана, патувал директно со авион, бидејќи постои потреба од добивање виза за Грција и Бугарија.

„Нека живеат Албанците, тие се многу добри луѓе, не научија многу добри нешта. Сè им е добро, сирењето, месото“, додаде тој.

Јилдиз нагласи дека тоа што сопствениците на продавниците во Старата скопска чаршија се луѓе од различни националности е надежно и во име на единството.

Тој се осврна и на музиката која ја изведуваат, и рече дека повеќе изведуваат етно-музика, и дека се обидуваат да научат различни жанрови на музики во различни јазици каде и да отидат.

- Имаат за цел повторно да се сретат во Иран

Од друга страна, Мехмет Ѓур истакна дека со неговите пријатели со кои патувал, се запознал во текот на студиите по Историја на уметноста во Измир, при што одлучил и тој да патува.

Ѓур нагласи дека ја сака неговата професија, но, како што рече, не сака да биде фиксиран во едно место.

„Целиот свет е едно големо училиште, затоа го избрав овој начин да се унапредувам“, додаде тој. Раскажа дека во Албанија престојувал еден месец, а во Македонија ќе биде до средината на ноември, и дека максимално се обидува да ја научи музиката на регионите кои ги посетува.

Според него, додека престојувал во Албанија, ги посетил местата во кои преовладува културата на Суфизмот, и се обидол да научи албански песни.

„Мојот приоритет е музиката, и да се стекнам со искуство колку што можам. Пред сè целта ми е да се стекнам со некој инструмент, моментално не поседувам инструмент, само пеам со пријателите. Ако се стекнам со инструмент мислам дека ќе можам подобро да го изразам себеси во овој аспект“, истакна Ѓур.

Ѓур истакна дека по Македонија, следната дестинација ќе биде Иран, каде, како што рече, сака да го купи инструментот со три жици наречен „сетар“ и да научи нови нешта.

Јилдиз и Ѓур, кои ќе се разделат по посетата на Македонија, очекуваат да се сретнат повторно во Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.