култура и уметност

Градот Тринидад во Куба плени со историскиот шарм и вибрантната култура

Тринидад, ставен на листата на УНЕСКО во 1988 година, е еден од најдобро зачуваните колонијални градови на Кариби, со корени од периодот на трговијата со шеќер во 19 век

Elena Trenchevska Chekovic  | 28.09.2025 - Обновена : 29.09.2025
Градот Тринидад во Куба плени со историскиот шарм и вибрантната култура Фото: Murat Bakmaz/АА

ТРИНИДАД (AA) - Сместен на јужниот брег на Куба, градот Тринидад, кој е ставен на листата на светското наследство на УНЕСКО, продолжува да ги воодушевува посетителите со разнобојните куќи, калдрмите и зачуваната архитектура од шпанската ера, јавува Анадолу.

Фреквентните плоштади во градот, занаетчиските продавници и кафулињата исполнети со музика ја одразуваат вибрантната култура што опстојува паралелно со неговите историски фасади.

Тринидад, ставен на листата на УНЕСКО во 1988 година, е еден од најдобро зачуваните колонијални градови на Кариби, со корени од периодот на трговијата со шеќер во 19 век.

Денес привлекува илјадници туристи што сакаат да ја доживеат и неговата архитектонска убавина и богатата афрокубанска традиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.