Dzihat Aliju
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) – Институтот „Јунус Емре" во Скопје, со поддршка на Клубот за млади и спорт „Намик Кемал“ од градот Бурса (НАКЕМ) организираше концерт на турски народни игри и ора на кој настапи клубот НАКЕМ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во активноста организирана во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија, на сцена беа изведени турски народни ора, а на оваа програма беа присутни и Пратеникот на АК Партија од Истанбул, Бурхан Кузу, заменик на амбасадорот на Турција во Скопје Тахир Бора Ататанир, претставниците на турските институции во Македонија, како и бројни љубители на народната уметност и традиција.
Заменик-директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје, Фуат Коркмаз, во неговата изјава на отварањето на оваа програма, истакна дека како институт организираат вакви активности во 50 земји низ целиот свет за унапредување на комуникацијата и интеракцијата меѓу културите.
Тој кажувајќи дека денес го реализираат вториот дел од една регионална организација, рече: „Вчера еден концерт се одржа во главниот град на Албанија, Тирана. Денес тимот на ора ќе настапи со игри од различни места на Турција. Ние особено значење му даваме на ваквите културни и уметнички дела".
Од друга страна, претседателот на здружението за народни ора НАКЕМ, Емир Пехливан, рече дека со вакви активности сакаат на народите од Балканот да им покажаат турските фолклорни игри.
Пехливан додаде дека по Скопје, слични активности ќе бидат организирани во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Љубителите на уметноста на главниот град како и голем број други граѓани уживаа во концертот на турски народни игри и ора на кој настапи клубот НАКЕМ.