Во Париз насликани мурали што го изразуваат правото на протест
Делата на францускиот уметник РНСТ привлекоа внимание со слоганите и фигурите што ја нагласуваат улогата на протестите во општествените промени.

СКОПЈЕ (АА) -На улицата Саел во Париз, на Ѕидот на човековите права, се појавија нови мурали што го изразуваат правото на протест, јавува Анадолу.
Делата на францускиот уметник РНСТ привлекоа внимание со слоганите и фигурите што ја нагласуваат улогата на протестите во општествените промени.
Во последно време Европа е зафатена со масовни протести и демонстрации со барање за прекин на геноцидот што продолжува во Газа.
За време на протестите во европските градови беа приведени голем број мирни демонстранти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.