Турција: Златен брош стар 4.500 години и редок жад откриени во античка Троја
Артефактите откриени во слоевите на Троја II датираат од приближно 2.500 година пр.н.е

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) - Археолозите кои вршат ископувања во античкиот град Троја во северозападна Турција открија златен брош стар 4.500 години и редок камен жад, соопшти денес турскиот министер за култура Мехмет Нури Ерсој, јавува Анадолу.
Ерсој го објави ова на турската платформа за социјални медиуми NSosyal, нарекувајќи го брошот, кој датира од раното бронзено време, „едно од најважните наоди на минатиот век“.
Тој рече дека тоа е еден од само трите познати примероци во светот и најдобро зачуваниот.
Артефактите откриени во слоевите на Троја II датираат од приближно 2.500 година пр.н.е. Министерството соопшти дека откритието помага и во решавањето на долгогодишните дебати за почетокот на периодот на Троја II.
Ерсој истакна дека каменот жад се сметал за луксузен предмет пред околу 4.500 години. Жадот и златниот брош, заедно со бронзена значка откриена во истиот слој, ќе бидат изложени во Музејот на Троја во Чанаккале.
Повеќе од 160 години, археолозите го проучуваат античкиот град Троја, кој е овековечен во епските поеми на Хомер „Илијада“ и „Одисеја“. Тој е дел од светското наследство на УНЕСКО од 1998 година и се смета за еден од најважните археолошки локалитети во светот, кој фрла светлина врз раната анадолска урбанизација и трговија.
Министерството соопшти дека откритијата „ќе фрлат светлина врз историјата на самиот простор каде што се живеело“, во согласност со неговиот принцип за прикажување на артефактите таму каде што се пронајдени.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.