Havva Kara Aydın
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
БАТМАН (АА) - Во музеј во југоисточната турска област Батман се наоѓаат некои од најпривлечните богатства од раните векови на цивилизацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Музејот „Хасанкејф“, кој неодамна е отворен, има 1.453 дела кои припаѓаат на палеолитскиот, неолитскиот, халколитскиот и бронзениот период, како и од железното време, средниот век и римскиот, артукидскиот и османлискиот период, од пет различни градови: Батман, Мардин, Сирт, Ширнак и Дијарбакир.
До наредната година, околу 4.000 артефакти ќе бидат изложени во музејот.
Тие ќе бидат прикажани по хронолошки редослед со визуелни анимации што ќе ги вратат посетителите назад во времето.
Восочните скулптури во природна големина ќе им покажат на посетителите како пештерските луѓе живееле на бреговите на реката Тигар.
Музејот, исто така, ќе има кафетерија, фоаје, конференциска сала, библиотека и просторија за децата.
„Изменивме некои дела, особено старата населена област на Хасанкејф во понов археолошки парк. Минијатурни модели од овие дела ќе бидат изложени во музејот“, рече Али Риза Алтунел, заменик генерален директор за културно наследство.
Хасанкејф, 32 километри југоисточно од главниот град на областа Батман, беше прогласен за заштитен простор во 1981 година.
Постојат околу 6.000 пештери низ градот, кои даваат увид во христијанските и муслиманските цивилизации што го населувале регионот. Има и византиска тврдина.
Во музејот се наоѓаат и артефакти ископани од екипите од браната „Илису“, проект што ќе произведува електрична енергија за југоисточна Турција. Кога екипите започнаа да ја полнат браната низводно, историскиот град Хасанкејф требаше да биде евакуиран.