Zehra Nur Düz
23 Октомври 2019•Ажурирај: 24 Октомври 2019
ИЗМИР/КАЈСЕРИ/КОЊА (АА) - Турските обвинители издадоа налози за приведување на 80 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во областа Измир издадоа налози за приведување на 20 осомничени лица (вклучувајќи полициски службеници), под обвиненија дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки „БајЛок““, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Полициските рации беа започнати истовремено во четири области, со цел да се фатат осомничените“, додава изворот.
„Во централната област Кајсери, обвинителите издадоа налози за приведување на 41 лице поради наводи за нивна поврзаност со ФЕТО“, велат судски извори.
Во централната турска област Коња, обвинителите побараа приведување на 19 осомничени припадници на ФЕТО, вклучувајќи активни војници на должност, откако било откриено дека комуницирале со другите членови на ФЕТО преку говорници.
Операциите беа спроведени во 44 области со цел апсење на осомничените. Досега се уапсени 11 лица.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.