Musa Alcan
16 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во музеј во Истанбул е изложен кипот на Кибела, за која се верува дека е повеќемилениумски симбол и заштитник на богатството и природата во праисториските периоди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за култура и туризам на Република Турција успеа по речиси шест векови да го врати древниот кип на мајката и божицата на античките Фригијци кои ја населувале денешна Турција.
Кипот на Кибела 60-тите години минатиот век беше украден од Турција и прокриумчарен во Израел, а потоа заврши во САД, од каде беше вратен во Турција, каде што и припаѓа.
Станува збор за кип за кој експертите тврдат дека исчезнал во третиот век на Новата ера, а привремено е изложен во Археолошкиот музеј во Истанбул.
Покрај Кибела, кипот се состои и од лавови кои стојат покрај неа и го симболизираат нејзиното владеење над природата и животните.
Конечното одредиште на кипот стар 17 векови ќе биде музеј кој ќе биде изграден во турскиот Афјонкарахисар.