култура и уметност

Во Истанбул отворен Културниот центар на Северна Македонија

„Ова место, каде што се наоѓа Културниот центар, ќе претставува дом во кој заеднички ќе го градиме мостот на пријателство и соработка меѓу двата народа за сите турски граѓани чие потекло е од нашата земја, како и за уметниците", истакна Исмаили

Hikmet Faruk Başer  | 18.12.2019 - Обновена : 20.12.2019
Во Истанбул отворен Културниот центар на Северна Македонија (Foto: Hikmet Faruk Başer/ Anadolu Agency)

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул денес е отворен Културниот центар на Северна Македонија, за кој министерот за култура на оваа држава Хусни Исмаили рече дека „ќе биде дом во кој ќе се изгради мост на пријателство и соработка меѓу народите на двете земји", јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на отворањето на центарот кој се наоѓа на улицата „Мете“ во Бејоглу, Исмаили истакна дека договорот за воспоставување културни центри во Скопје и Истанбул е резултат на посветеноста на двете земји за продлабочување на културната соработка.

Исмаили нагласувајќи дека ова ќе биде главен центар на културата и уметноста на Република Северна Македонија во Истанбул.

„Ова место, каде што се наоѓа Културниот центар, ќе претставува дом во кој заеднички ќе го градиме мостот на пријателство и соработка меѓу двата народа за сите турски граѓани чие потекло е од нашата земја, како и за уметниците", истакна Исмаили и додаде:

„Од друга страна, споменикот на културата „Куршумли ан“ за кратко време ќе биде реставриран и ќе биде предаден на Турција за користење на период од 10 години. Процесот на регистрација на Културниот центар на Турција во Северна Македонија е завршен. Исто така, донесена е одлука за реставрирање и заштита на „Куршумли ан“ и одлука за именување на надлежен архитект. Покрај тоа, клучот на „Куршумли ан“ му е предаден на директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.“

Директорот на Културниот центар на Северна Македонија во Истанбул, Рамадан Рамадани, истакнувајќи дека во Турција никогаш не се чувствуваат како странци, рече:

„Северна Македонија и Турција географски не се соседни држави, но бидејќи соседните вредности и принципи помеѓу двете земји се држат на највисоко ниво, ние сме перципирани како соседи“, нагласи Рамадани.

По говорите беа доделени плакети на оние што дале поддршка на отворањето на центарот.

На свеченото отворање присуствуваа Звонко Муцунски, амбасадор на Република Северна Македонија во Анкара, Актан Аго, генерален конзул на Северна Македонија во Истанбул, Хајдар Али Јилдиз, градоначалникот на Бејоглу и Серхат Кула, директорот на институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.