Ahmet Gençtürk
18 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АНКАРА (АА) – Палестинско-американскиот супермодел Бела Хадид вели дека Инстаграм ја замолчува секогаш кога објавува нешто за Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мојот Инстаграм не ми дозволува да објавувам мојата приказна - речиси само кога се работи за Палестина“, рече таа.
„Кога објавувам за Палестина, веднаш добивам забрана во сенка и речиси 1 милион помалку од вас ги гледаат моите приказни и објави“, изјави таа за модниот магазин „Harper’s Bazaar“.
Да се биде забранет во сенка значи дека вашата изложеност на одредена платформа за социјални медиуми е ограничена и само вие и вашите директни следбеници можете да ги гледате вашите објави, се вели во магазинот.
Тензиите се зголемија на палестинските територии откако израелските сили упаднаа во дворот на џамијата Ал Акса во петокот, среде судирите со верниците, при што беа повредени на стотици лица.
Во неделата, повеќе од 700 израелски доселеници насилно влегоа во комплексот на џамијата Ал Акса под силна полициска заштита за да го прослават еднонеделниот еврејски празник Пасха, кој започна во петокот.
Џамијата Ал Акса е третото најсвето место во светот за муслиманите. Евреите ја нарекуваат областа „Градот на храмот“, тврдејќи дека тоа било место на два еврејски храма во минатото.
Израел за време на арапско-израелската војна во 1967 година го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал Акса. Го анектираше целиот град во 1980 година со потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.