Admir Fazlagic
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец" во пресрет на Велигденските празници одржа концерт во Македонската опера и балет во Скопје, на кој меѓу присутните гости беше и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Пендаровски на својот официјален профил на социјалните мрежи информираше дека присуствувал на гала-концертот на „Танец" во пресрет на Велигденските празници.
„Со богатата играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, како и со раскошноста на оригиналните носии ТАНЕЦ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво. Честитки до целиот ансамбл за одличната изведба на „Драчевка“,„Солунка“„Малешевка", „Сретсело", „Копачија" и другите кореографски постановки од нашата вокално-инструментална ризница“, истакна Пендаровски во својата објава.