култура и уметност

„Нетфликс“: „Сквид гејм станува нашето најголемо ТВ-шоу“

„Јужнокорејсккиот серијал е гледан од 142 милиони членови на домаќинства во првите четири недели“, соопшти компанијата

Övünç Kutlu  | 20.10.2021 - Обновена : 21.10.2021
„Нетфликс“: „Сквид гејм станува нашето најголемо ТВ-шоу“

АНКАРА (АА) - „Нетфликс“ соопшти дека „Сквид гејм“ (Squid Game) е нејзиното најголемо ТВ-шоу направено некогаш, и дека дека бројката на претплатниците се зголемила во третиот квартал од годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Емитувана од глобалната стриминг мрежа на 17 септември, јужнокорејскиот серијал е гледан од 142 милиони членови на домаќинства во првите четири недели, покажува извештајот за финансиските резултати на компанијата.

„Опсегот на популарноста на „Сквид гејм“ е навистина неверојатна. Ова шоу беше рангирано како број 1 програма во 94 држави, вклучително и во Соединетите Американски Држави (САД)“, истакнаа од „Нетфликс“.

Бројот на претплатени членови низ светот стигна до 213,5 милиони во периодот од јули до септември, за 9,4 проценти повеќе од истиот период минатата година, кога имало 195,1 милион претплатници.

„Нетфликс“ проценува дека бројот на претплатници ќе се искачи до 222 милиони во периодот од октомври до декември оваа година.

Нето-заработката на компанијата достигна околу 1,45 милијарди долари во третиот квартал, што значи дека е зголемен за 83,5 проценти, односно од 790 милиони долари, во истиот период во 2020 година.

Нејзиниот приход се зголеми за околу 17 проценти на речиси 7,5 милијарди долари, од 6,4 милијарди долари во однос на претходната година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.