Muhammet Nazım Taşcı
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
СЕУЛ
Во Јужна Кореја најмалку 74 лица повторно се заразиле со коронавирусот откако биле излекувани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC) е соопштено дека заразените се подложени на разни тестирања, со цел утврдување на состојбата на пренесување на заразувањето на други лица и произведувањето на антитела против Ковид-19.
Според вестите на локалните медиуми, здравствените надлежни лица се загрижени поради порастот на бројот на повторното заболување од коронавирусот.
Бројот на заразените во Јужна Кореја е зголемен на 10.423, додека од вирусот починале вкупно 204 лица.