Bojana Stojanovic
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
БЕЛГРАД
Уште 201 лице во Србија се заразени со Ковид-19, еден маж почина во претходните 24 часа, а вкупниот број на заболени се зголеми на 2.867 потврдени случаи со Ковид-19, се соопштува денеска од Министерството за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последниот извештај, до 15:00 часот денеска се тестирани примероци на 1.586 лица, од кои 201 се позитивни. Хоспитализирани се 1.891 пациент.
На респиратор се вкупно 127 пациенти.
Во последните 24 часа почина едно машко лице, односно вкупно 66 од почетокот на епидемијата и тоа 49 мажи и 17 жени.
Просекот на годините на починатите е 64,3.
До 15:00 часот во Србија се тестирани вкупно 12.347 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.