Mehmet Hatipoğlu
09 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
КОМОТИНИ
Во близина на Атина, главниот град на Грција, пронајден е мртов возачот кој управувал со шлепер со турски таблички, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот на АА од информациите добиени од Амбасадата на Турција во Атина дознава дека во подрачјето Аспропиргос кое се наоѓа на околу 1 час од Атина, во шлепер е пронајден мртов возачот кој управувал со возило со турски регистерски таблички.
Бидејќи кај возачот не се пронајдени неговиот паричник, мобилен телефон, ниту пари, полицијата се сомнева дека станува збор за изнуда, и започна истрага во врска со настанот.
Грчките медиуми објавија дека возачот на шлеперот застанал на паркинг-место во подрачјето Аспропиргос на Автопатот Атина - Коринтос каде што бил убиен по напад со нож.