Yusuf Hatip
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - НАТО во врска со помошта на Турција за земјите од Балканот, истакна дека турската иницијатива е најпоследниот пример на борбата на сојузниците против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на НАТО се нагласува дека во рамки на борбата против Ковид-19, Министерството за здравство на Турција обезбедило помош содржана од медицински материјали за Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
Во ова соопштение се нагласува дека медицинските материјали кои се состојат од маски, заштитна одела и тестови за Ковид-19, со воен авион на Турските вооружени сили биле истпратени од аеродромот „Етимесгут" во Анкара.
Според соопштението, на пратката со медицинска помош има една порака на Мевљана кој вели: „Има многу надеж зад безнадежноста, и има многу сонца зад темнината“.
Во соопштението на НАТО се нагласува дека Северна Македонија, Црна Гора, како и Босна и Херцеговина преку Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО доставиле барање за помош, и се додава: „Турската иницијатива е најпоследниот пример на борбата на сојузниците против пандемијата на Ковид-19“.