AP
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
МАДРИД
Еден од најважните натпревари на последното коло на шпанската Сегунде фудбалска лига меѓу Депортиво Ла Коруња и Фуенлабрада, кој требаше да се одигра вечерва, одложен е откако некои од играчите на гостинскиот тим биле позитивни на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на Ла Лига соопшти дека сите останати натпревари од 42. коло на Сегунде ќе се одиграат според планираниот распоред.
Тимот на Фуенлабрада, чии играчи се заразени со Ковид-19, се обидува да освои една од позициите кои водат во плеј-офот за пласман во Примера, додека Депортиво се бори за опстанок во втората лига. На славниот клуб од Ла Коруња, кој беше шампион на Шпанија во 2000 година, доживува тешки моменти, потребна му е победа за да го избегне испаѓањето во трета лига на натпреварување, но и совпаѓање на резултатите на главните конкуренти Луга и Албасете.
Шпанската Ла Лига не објави колку точно играчи на Фуенлабрада биле позитивни на Ковид-19.
Кадис и Уеска пред одигрувањето на последното коло на Сегунда обезбедија пласман во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.