Muhammed Emin Canik,Fuat Kabakcı
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 632 лица, во Индија 587 лица, додека во Мексико 301 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 632 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата пораснал на 80.120 лицa.
Во земјата дијагностицирани се уште 20.257 случаи на вирусот, со што вкупниот број на случаи порасна на 2.118.646.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата достигна 1.409.202.
Бразил, каде што живеат 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
На Ковид-19 позитивен е и претседателот Жаир Болсонаро.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале уште 587 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 28.084.
Исто така, во изминатото деноноќие во земјата се откриени уште 37.148 случаи на коронавирусот.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.155.191.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 724.577 лица.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 301 лице.
Со ова вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 39.485.
Во Мексико се откриени уште 5.172 нови случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 349.346.
Досега во земјата излекувани се 222.068 лица.