Fuat Kabakcı
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
АНКАРА
Во светот од заразувањето со новиот тип на коронавирус се оздравеа повеќе од 2,4 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometer“, на која се прикажани податоци за бројот на заразените, починатите и излекуваните, се наведува дека во светот од Ковид-19 се излекувале 2.402.240 лица.
Најмногу оздравени има во САД, каде оздравеле 467.134 лица. Следуваат Шпанија, Германија, Бразил, Италија.
Новиот тип на коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а брзо потоа беше прогласена пандемија.
Бројот на заразените достигна 5.634.586, а од последиците на вирусот починаа речиси 350.000 лица.