Bilal Acar
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ЛОНДОН
По „БиоНтек“ и американската биотехнолошка компанија „Модерна“, ветувачки вести за вакцината развиена против новиот вид коронавирус (Ковид-19) пристигнаа и од Универзитетот „Оксфорд“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Универзитетот „Оксфорд“, податоците добиени од тековните студии откриваат дека вакцината е ефикасна 70 проценти.
Вакцината развиена од Универзитетот „Оксфорд“ и фармацевтската компанија „АстраЗенека“ е ефикасна 70 проценти доколку се употреби во половина доза, а 90 проценти во целосна доза.
Коразвиена од Универзитетот „Оксфорд“ и фармацевтската компанија „АстраЗенека“, вакцината против Ковид-19 била ефикасна со 70 проценти доколку се прими во единечна доза, и 90 проценти ако првата доза е проследена со целосна доза.
Освен што е поевтина од другите конкурентни вакцини, оваа вакцина може полесно да се чува и полесно да се доставува до различни делови на светот.
Директорот на групата за вакцини во Оксфорд, проф. д-р Ендрју Полард, истакна дека наодите покажуваат дека имаат ефикасна вакцина што ќе спаси многу животи.
„Откривме дека една од нашите дози може да биде ефикасна околу 90 проценти. Ако се користи овој режим на дозирање, откривме дека со планираното снабдување со вакцини ќе може повеќе луѓе да се вакцинираат“, истакна Полард.
Истражувачот на групата за вакцини на Универзитетот „Оксфорд“, проф. д-р Сара Гилберт, изјави дека се чекор поблизу до времето кога ќе може да се користат вакцините за да се стави крај на уништувањето предизвикано од Ковид-19.
Во изјавата за „Скај њуз“, министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок, истакна дека податоците објавени за вакцината „Оксфорд-АстраЗенека“, кои владата ги поддржува од самиот почеток, се охрабрувачки.
„Навистина сум среќен, ги поздравувам овие податоци што покажуваат дека точната доза на вакцина може да биде ефикасна до 90 проценти. Оваа вакцина не треба да се чува на -70 степени, како вакцината на „Фајзер“, која претходно беше опишана со успешни резултати“, нагласи министерот Хенкок.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, исто така на својот профил на Твитер даде изјава во однос на ова прашање.
„Информациите дека вакцината на Оксфорд е толку ефикасна во испитувањата се возбудлива вест. Ќе има повеќе безбедносни проверки, но ова се одлични резултати. Честитки за нашите брилијантни научници од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗенека и на сите што доброволно се пријавија на испитувањето“, нагласи премиерот Џонсон.