Elena Teslova
23 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија денес се регистрирани рекордни над 25.000 случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дури 25.173 лица се тестирани позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени се искачи на над 2,11 милиони, објавија здравствените власти.
Бројот на оздравени се искачи за 16.002 при што достигна 1,6 милиони. Бројот на починати како последица на вирусот се искачи за 361 достигнувајќи 36.540.
Русија е петта најтешко погодена земја од коронавирусот во светот, по САД, Индија, Бразил и Франција.
Во многу региони, покрај задолжителното носење маски, работните часови на баровите и рестораните се ограничени, од постарите е побарано да се самоизолираат, а масовните јавни настани се забранети.