Merve Yıldızalp Özmen
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
АНКАРА
Во Турција последните 24 часа се потврдени 2.131 нов случај на заразени со новиот тип на коронавирусот, а во истиот период од Ковид-19 се излекувани 4.651 пациент. Податоците покажуваат дека во Турција веќе 3 ден едноподруго поголем е бројот на излекувани отколку на лица што биле позитивни на тестот на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство Фахретин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во последните 24 часа во Турција од последици предизвикано од заразеност со новиот тип на коронавирусот починале 95 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја е зголемен на 2.900.
„Последните 24 часа 2.131лице беа позитивни на тестот на Ковид-19 со што вкупниот број на потврдени случаи на заразени со новиот тип на коронавирусот изнесува 112.261“, напиша министерот Коџа.
Тој наведе дека досега, по излекувањето од Ковид-19, од болница се отпуштени вкупно 33.791 пациент, а само во последните 24 часа излекувани се 4.651 лице.
Министерот Коџа истакна дка изинатите 24 часа се извршени 20.143 тестови, со што вкупниот број на спроведени тестови на Ковид-19 во Турција изнесува 918.885.
Светката здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи „глобална пандемија“ поради забршаното ширење на новиот тип на коронавирусот. Исто така, СЗО САД и Европа ги прогласи за нови епицентри на заразата со Ковид-19 кој за првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.
Според податоците што ги објави универзитетот „Џонс Хопкинс“, досега од последици предизвикани поради заразеност со Ковид-19 починаа повеќе од 208.100 лица, додека повеќе од 3 милиони лица се позитивни на тестот на новиот тип на коронавирусот во повеќе од 185 земји од светот. Во исто време од заразеност со Ковид-19 се излекувале повеќе од 900.000 пациенти.