Gözde Bayar
23 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АДАНА
Турските безбедносни сили запленија 700.000 маски за лице кои беа нелегално произведени и продадени во јужната област Адана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тимовите на жандармериската команда, откако добија дојава извршија рации на три различни локации во подрачјата Сејхан и Чукуровa“, велат изворите, кои сакаат да останат анонимни.
Четворица осомничени се уапсени.
Некои од маските, кои ги исполнуваа критериумите на производство на Министерството за здравство, беа доставени до Директоратот за земјоделство и шумарство на Адана.
Турција на 5 април започна со производство на бесплатни маски за лице за да се спречи ширењето на Ковид-19 во земјата.
Секој граѓанин, освен оние на возраст од 20 години или помлади и 65 години или постари можат да аплицираат за пет бесплатни маски неделно.
Турција воспостави ограничувања за лицата коишто се над 65 години или под 20 години, и ним не им е дозволено излегување надвор.
Во Турција се потврдени вкупно 2.376 смртни случаи од Ковид-19, додека бројот на потврдени случаи достигна 98.674-
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,6 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 183.000. Бројот на излекувани лица од вирусот изнесува над 711.000.